Јога за стапалата и прстите од нозете 🦶 (Yoga For Feet and Toes)

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 26 июл 2021
  • Физичкото тело претставува дом за нашата душа, а стапалата се темелите на тој дом. Поради тоа, не треба да ги занемариме. Здрави и цврсти темели ќе ни овозможат стабилен дом кој ќе може да се спротистави на сите надворешни влијанија. Стапалата ни овозможуваат да стоиме, чекориме, трчаме, и да ги извршуваме непречено секојдневните обврски.
    Го носат товарот и притисокот на нашите тела, и се изложени на најмногу "абење и трошење". Доколку не се грижиме за нив, ќе почнат да страдаат, не само стапалата, туку и колената, колковите и целиот рбетен столб. Поради тоа, ајде да се сакаме себеси и своите стапала :)
    Оваа јога секвенца е наменета за нашите стапала и прстите. Прилагодена е за сите нивоа на практиканти. Идеална е за сите кои се борат со проблеми поврзани со циркулацијата, артритис, реума или се практикува превентивно.
    Уживајте,
    Со љубов,
    Онлајн јога студио Сатја 💚

Комментарии • 1