Јога за истегнување на задната ложа (Yoga for Hamstrings)

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 31 май 2020
  • Многумина од нас се борат со затегнатост на задниот дел од бутините, во задната ложа. Крутост во вој дел на нозете може да доведе до болка во долниот дел на грбот, затегнати бутини и неудобност во колковите. Истегнувањето и издолжувањето на задната ложа ќе ни ја зголеми флексибилноста и мобилноста во овој дел на телото. Флексибилност во задниот дел на бутината ќе превенира повреди кај спортисти и маратонци (трчачи) и ќе ни овозможи да ја продлабочиме својата јога пракса.
    50 минутна јога секвенца, низ која ќе го допреме секое делче од физичкотот тело, но главниот фокус ќе биде на пронаоѓање на простор во задната ложа. Ќе почнеме пополека во лежечка позиција, ќе почнеме да ги истегаме трите мускулни глави од задната ложа. Потоа пополека ќе продолжиме да го забрзуваме темпото, ќе се поврземе со дишењето низ неколку поздрави на сонцето, ќе ги отвориме рамењата, бутините, ќе поработите на балансот, и пополека ќе завршиме со усукувања во лежечка позиција и заслужената шавасана.
    Уживајте,
    Со љубов,
    Марија ❤️

Комментарии •