Јога за долниот грб - проблеми со кичмата (Yoga for Lower Back Release) #2

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 13 май 2020
  • Сите сме ја чуле изреката " во здраво тело здрав дух". Телото е дом на нашата душа, а за душата да е среќна и исполнета потребно е да живее во чист и здрав дом. Телото е еден вид на превозно средтство, кое треба да го користиме подолг временски период. Поради тоа треба да водиме грижа за него.. Преку практикувањето на јога, се грижиме за своите превозни средства, им пружаме љубов, нега и внимание.
    Куса јога секвенца, идеална за сите кои се борат со затегнатост, напнатост или болка во долниот дел на грбот. Низ оваа секвенца вниманието и свесноста ќе бидат насочени кон долниот дел на грбот, исто така и колковите и нозете, кои можат да придонесат за неудобност во пределот на лумбарниот ‘рбетен столб. Ќе се обидеме со помош на дишењето да најдеме повеќе простор во овој дел и да го доведеме телото повторно во баланс.
    Уживајте,
    Со љубов,
    Марија❤

Комментарии •