Јога за детоксикација (Detox Yoga)

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 30 апр 2020
  • Јога за детоксикација, физичка и ментална. Динамична и избалансирана јога секвенца со која ќе ги допреме сите делови од телото, ќе го растегнеме торзото, бутините, задната ложа, рамениците, но главниот фокус ќе биде ставен на усукувањата. Од физиолошки аспект, усукувањата ја подобруваат циркулацијата на органите за варење, а и на останатите жлезди и органи сместени во долниот дел од абдоменот. Јога Мајсторот Б.К.С. Ајангар ги опишува твистовите како "акција на заврти и исцеди". Кога сме во усукана позиција, внатрешните органи се притиснати, со што крвта исполнета со штетни продукти се отстранува. А кога се враќаме во нормалната положба органите се прошируваат и нова крв со хранливи продукти протекува низ нив.
    Многу често нашите органи, мускули и умови се полни со изминати искуства и идни очекувања, така што немаме капацитет да го искусиме сегашниот миг. Со усукувањата, ќе ја ослободиме затегнатоста од телото, а со тоа понекогаш може да се појават минати, наталожени чувства или сензации. На овој начин ќе постигнеме не само физичко туку и емотивно чистење и ќе се подготвиме за се она што ќе ни донесе остатокот од денот.
    Уживајте,
    Со љубов,
    Марија❤

Комментарии •