Rolat Od misirkino meso Président Roulade de dinde Président

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 10 мар 2021
  • Ролат од мисиркино месо полнет со кашкавал и корнишони со сос од сенф, сервирано со ленти од сладок компири печени на путер Президент и спанаќ
    Потребни состојки за 4 лица:
    200гр. Президент кравји кашкавал
    80гр.Президент путер
    500мл.Президент крем павлака за готвење
    600 гр. Мисиркино месо (граден дел)
    400гр.сладок компир
    200гр. спанаќ
    4 Корнишони
    1 супена лажица сенф во зрна
    Сол, бибер по вкус
    Начин на подготовка
    Слаткиот компир (батат) го сечеме на тенки кругови, ги редиме во подмачкано тавче со путер. Компирите ги премачкуваме со растопен путер, зачинуваме со сол и свежа мајчина душица и одозгора редиме уште еден слој компири. Ставаме во загреана рерна да се печат на 180 C околу 30 мин.
    Претходно убаво измиенот спанаќ го пропржуваме во тавче на путер, да омекне и да се редуцира.
    Подготовка на сос: На растопен путер додаваме сецкани корнишони, 2 лажици сенф во зрна и пропржуваме кратко. Додаваме 10 мл.бело вино, Президент крем павлака за готвење, сол и бибер по вкус, го мешаме да се редуцира и да се згусти сосот.
    Парчињата мисиркино месо ги потчукнуваме преку фолија. На парчето мисиркино месо во средината ставаме корнишони и Президент кравји кашкавал сечени на ленти, а потоа го виткаме како ролат. Така подготвени ролатите ги обвиткуваме со платична фолија, а потоа и во алуминиумска фолија. Подготвените ролати ги ставаме во вода што врие да се варат околу 10мин. Ги вадиме ролатите и внимателно ги вадиме фолиите. Сервираме со претходно подготвениот гарнир (спанаќ и сладок компир),и полеваме од сосот.

Комментарии •