ETERIA “Echoes Sharing Tour” in Skopje (R.N. Macedonia) - 4th June Tuesday 2024

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 4 июн 2024
  • Ве покануваме на завршната презентација на меѓународниот проект Е.Т.Е.Р.И.А.
    (4th June Tuesday - ETERIA “Echoes Sharing Tour” in Skopje (R.N. Macedonia)
    Македонскиот дел од проектот е ко-финансиран од Европската агенција ЕАЦЕА/Креативна Европа и Министерството за култура на Р.С. Македонија; Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА.
    Координатори и партнери на проектот се: Италијанскиот центар ИТИ/Астрагали театро, Лече, Р.Италија; Театро Тци Закинтос, Р.Грција; Национален Музеј за историја и Археологија, Констанца, Р. Романија, Саленто лаб за артифициелна интелигенција, Лече и Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, Скопје, Р.С. Македонија.
    Локални партнери на активностите одржани во Скопје се ФДУ Скопје - Факултетот за драмски уметности/УКИМ Скопје; Градската библиотека Браќа Миладиновци - Скопје (Буњаковец).
    На презентацијата ќе се претстави видео компилација од сите проектни активности реализирани во рамките на проектот од јануари 2023 г. до мај 2024 г. - Три меѓународни резиденции за театар и настанатите перформанси во режија на Фабио Толеди (уметнички директор и режисер) со фокус на кокреативен театарски процес на темите - конфликт, граници, миграции, и женските божества - Хеката, Хестија, Мнемосина; работилница за социјален театар одржана во Скопје; повеќе онлајн мастер класи на темите театар, изведувачки уметности, женска митологија, видео технологии, имерзивни технологии ...; видео театарски проект КРИЕГ / А-Ц-И-Н-С-Е-Л-А-К во режија на Иванка Апостолова Баскар и други активности во соработка со локалното цивилно население.
    Театарски уметници од Македонија, учесници на проектот се: Филарета Атанасова (актерка), Симона Спироска (актерка), Наташа Петровиќ (актерка), Здравко Стојмиров (актер), Иванка Апостолова Баскар (продуцент, регионален менаџер на проектот), Кристина Пешева Диновска (координатор), Михаило Апостолов (видео, камера), Весна Бришкоска Апостолова (фотографија), други учесници на работилницата (професионални актерки и актери (доајени, вработени, невработени), студенти на ФДУ Скопје, драмски автори, режисери, новинари): Снежана Конеска-Руси, Соња Михајлова, Афродита Џафери, Теа Беговска, Томе Станковски, Христина Цветановска, Стефан Марковски, Јана Петрова, Гоце Андонов, Валентина Ѓоргиевска-Парго, Маја Дреца-Ристески, Мирна Трпкова, Бојан Лазаров.
    Гостинка учесник во македонскиот дел од активности - Луна Шаламон (сценограф, ликовен уметник - Р. Србија).
    Споделуваме искрена благодарност до сите домашни и меѓународни соработници и учесници, и поддржувачи / финансиери / меѓународни и локални партнери на нашиот проект Е.Т.Е.Р.И.А - Подобрување на меѓуграничните искуства, обновување на интерактивноста помеѓу уметниците (E.T.E.R.I.A. - Enhance Transborder Experiences, Rebuild Interactions of Artists ).
    Повеќе визуелни и текстовни информации на следните линкови:
    Вебсајт. www.eteriaproj...
    Јутуб.
    / @projecteteria
    Инстаграм.
    / eteriaproject
    Фејсбук. www.facebook.c....
    Трејлер (КРИЕГ - машка верзија / војник во агонија).
    • Trailer: KRIEG (Experimental Video Th...
    Трејлер (А-Ц-И-Н-С-Е-Л-А-К - женска верзија / војник во агонија).
    • Trailer: A-C-I-N-S-E-L-A-K (Experimen...
    Во прилог ја споделуваме програмата за вторник 4 јуни 2024 г. со почеток во 13ч во просториите на Факултетот за драмски уметности - Скопје (просторија - Мал базен).
    Ве очекуваме.
    Со почит, Екипата на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА
    ПРОГРАМА
    13.00-13.10, воведно отварање на промоцијата, од страна на деканот на ФДУ - Бесфорт Идризи (театарски режисер и актер)
    13.10-13.25, воведно претставување на проектот Е.Т.Е.Р.И.А. - Иванка Апостолова Баскар (регионален менаџер на проектот)
    13.25-13.50, емитување на промотивната видео компилација со активности на проктот Е.Т.Е.Р.И.А.
    13.50-14.30, споделување на искуствата и отворена дискусија со публиката и актерите кои директно учествуваа во трите меѓународни резиденции и видео театарскиот проект - Филарета Атанасова (актерка), Симона Спироска (актерка), Наташа Петровиќ (актерка), Здравко Стојмиров (актер), модерира - Иванка Апостолова Баскар
    14.30-15.00, вмрежување помеѓу уметниците, професорите и студентите на Факултетот за драмски уметности, УКИМ Скопје и студентите од Факултетот за арт и дизајн, Европски универзитет Скопје, за нови меѓусебни соработки.
    ЛОКАЦИЈА - ФАД Скопје / Просторија: Мал базен - почеток во 13ч.
    Посебна благодарност до Г. Владимир Василевски - Влајко (Раководител на студио за наставни продукции, ФДУ Скопје/УКИМ).
    • ETERIA “Echoes Sharing...

Комментарии •