Haval Dargo

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 7 сен 2024
  • По моделите Х6 и Џолион, трет во новиот бран модели на Хавал, најпознатата марка на Грејт Волт Мотор, е Дарго. Со силен теренски нагласок, овој СУВ освојува, не со цената и не со богатата опрема, туку пред сé со концептот.
    Хавал Х6 им заврши работа на сите кинески производители на автомобили на македонскиот пазар. Присутен во три генерации во понудата на Толту Моторс, овој модел со цена на компактен СУВ, а просторност на средна класа, увери дека од автомобилите од Кина не треба да се очекува првенствено ниска цена. Х6 е претставителна, солидна, издржлива, многу повеќе од тоа не треба.
    Незначително помалиот Џолион следеше кусо по премиерата на третото колено на Х6 и главното што го постигна беше уверувањето дека од Хавал може да се очекува и стил што не треба да се крие зад европските марки.
    Сега во салонот на Толту пристигна третиот модел од новиот бран, што концернот Грејт Вол го отпочна во пролетта 2020 година. Тогаш Кинезите го најавија своето помасовно впуштање на светскиот пазар, со нова платформа Лемон, со системи за асистенција Кофи, со електрификација. Како концерн што е во приватна сопственост, односно е акционерско друштво, што е реткост во кинеското автомобилско производство, Грејт Вол мора да се потпира на квалитетот на своите возила, а не на сумата што ќе ја добие како помош од Пекинг, што е случај со сите големи марки што дури сега згазнуваат на европско тло. Затоа, моделите на Хавал и останатите марки на Грејт Вол Мотор се разликуваат.
    ... целата објава на automedia.mk/o...

Комментарии •