Мециновиќ: Власта креира урбанизам по мерка на градежната мафија

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 12 сен 2024
  • Збор на пратеникот Амар МЕЦИНОВИЌ за тргање од дневен ред на предлог измените во Законот за урбанистичко планирање:
    „Барам Предлог законот за изменување и дополнување на законот за урбанистичко планирање по скратена постапка да биде тргнат од дневниот ред поради низа причини! Првата е техничка.
    Другите причини би навел дека се општествени и ствараат некои проблематични околности! Тоа е дека всушност урбанизмот и урбанистичкиот хаос е една од рак раните во нашето општество. Ваквите закони не смеат да се носат по скратена постапка без да биде покрената соодветна и опширна јавна расправа во која ќе бидат вклучени сите релевантни стручни општествени актери кои се занимаваат со оваа проблематика!
    Понатаму имаме и проблематични околности, а тоа е дека се брише обврската за за започнување на постапка за носење на урбанистички планови и документација кои не се усогласени со тековниот закон и всушност сакаме вака да создадеме хаос.
    Локалната власт се ослободува од обврската да ги одредува урбанистичките планови според јавниот интерес! Се дозволува понатаму во одредени членови да се избрише усогласувањето на урбанистичките планови со изводот од урбанистичките планови и потврдата за урбанистичка усогласеност.
    Сметаме дека со бришењето на оваа потреба за усогласеност дека ќе се оди само по законот за градење, што најмногу им одговара на олигарсите, а не на јавниот интерес!
    Недозволиво е дел на републиката да нема нови урбанистички планови према нови тековни параметри кои соодветствуваат на вистинските околности на терен!
    Само да ја потсетам јавноста дека вакви слични, дури и идентични измени беа предложени и од СДСМ, и од ВМРО - ДПМНЕ кон крајот на претходниот мандат, а кои нашата пратеничка група ги блокираше. Со измените во новиот Деловник, сега ова не е возможно! Затоа повикуваме на вашата совест и на техничката грешка која ја пронајдовме.“
    #НеподмитливитеВоСобранието

Комментарии • 1