Исмаил: Левица е против коцкањето и профитирањето од нечесните бизниси!

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 12 сен 2024
  • 📢 Реплика на Реџеп Исмаил - ХАКТАН по однос на барањето за автентично толкување на Законот за игри на среќа. Пратеникот го истакна ставот на #Левица за дестимулација на овој нечесен бизнис којшто се збогатува на грбот на обичниот човек и работничката класа:
    💬 „Едно е да има дозволено да постои ваква индустрија, неморална и нечесна. Друго е што власта на ДУИ и СДСМ, со издавање на лиценци за игри на среќа ја мултиплицираше можноста за отворање на казини и други објекти. Со ова ја проширија можноста за коцкање која уништи многу семејства во нашата држава!
    Ако поднесета таков закон, ние со драго срце ќе го поддржиме! Не само да се дозволи во објекти со пет ѕвезди, туку воопшто да се направи нелегално самото коцкање.
    Автентичното толкување има намера да го ограничи она што денес постои. Но тоа може да се направи и без ова, односно институцијата којашто издава такви лиценци, поради тоа што поминува рокот на тие лиценци, едноставно треба да ги укине и да продолжи по законот којшто моментално важи.“

Комментарии • 12

  • @gxsgjjggjdsd367
    @gxsgjjggjdsd367 22 дня назад

    Konecno nekoj da zastane protiv najgolemoto zlo kockanjeto 👍

  • @darkomiceski3755
    @darkomiceski3755 Месяц назад +2

    Коцкањето е нужно зло и секој обид тоа комплетно да се забрани завршил со неуспех. ДУИ се тепаше тоа да се забрани со цел да стане онлајн и од тоа да профитираат тие преку државната лотарија. Единствено што може да се направи е да се намали бројот на овие објекти и целосно да се забрани нивно рекламирање.

    • @filipgraorkovski3063
      @filipgraorkovski3063 Месяц назад

      НЕ е нужно, Турција, Грција, Албанија се поспособни па забрането е, така да тоа нужно дека било се приказни за мали деца. ЗАБРАНА ЗА КАЗИНА . Кога може во тие држави што ги кажав, и скоро цела еу. Може и тука. Само ср нејќе пријателе.

    • @darkomiceski3755
      @darkomiceski3755 Месяц назад

      @@filipgraorkovski3063 во Албанија не е забрането повеќе видоја дека по исплатливо е да не биде забрането. А во Грција коцкањето не е забрането туку е само во хотели од висока класа. Затоа коцкарите доаѓаат во Гевгелија. Башка во цела ЕУ не е забрането бадијала тропаш глупости се гледа дека од селото твое подалеку не си отишол.

    • @Ficho.
      @Ficho. Месяц назад +1

      @@filipgraorkovski3063 Не баш. Турција - нелегално, Грција - легално (треба да имаш 21 г.), Албанија - нелегално, цела Европа - легално и најчесто треба да имаш 18, со исклучок на некои германски покраини, Данска, Белорусија и Украина каде треба да си на 21 г. Значи, во Европа, казината се нелегални во една земја (Албанија), или во три земји (ако ги сметаш и Косово и Турција).
      Треба да се земе и предвид дека и државата има одреден профит од казината. Затоа ваква забрана во скоро време не ми се чини за веројатна. Плус, не можевме ни законот за оддалечување на обложувалниците од училиштата да го донесеме.
      Секако, би било добро ако се забранат казината, но најверојатно нема за скоро време.

    • @darkomiceski3755
      @darkomiceski3755 28 дней назад

      ​@@Ficho. Директна забрана на коцкањето не е решение. Ако ги забранат автомат клубовите тие ќе продолжат да постојат само што ќе бидат вон законот и државата не само што ќе нема профит од нив туку и ќе троши пари на сузбивање на овој вид криминал. Решение за проблемот со коцкањето е пред се во воспитувањето на луѓето, во подигањето на животниот стандард и нивото на културата и образованието. Не гледам дека некоја успешна држава од ЕУ го забранила коцкањето.

    • @Ficho.
      @Ficho. 28 дней назад

      @@darkomiceski3755 Убаво размислуваш. Исто како со марихуаната. Но ние имаме еден друг проблем, а тоа е што казината и кладилниците ни се буквално на секој чекор, а и јас лично познавам основци кои се горди на тоа што уплатиле 8 ливчиња во денот. И да, точно три кладилници им се буквално „преку улица“ од училиштето. Така што дефинитивно треба да се регулира каде се градат тие објекти и покажувањето на личен документ да биде задолжително на сите кои ќе се осудат да влезат во истите.