Доделени наградите на СЕММ и ОБСЕ за инклузивно известување во време на Ковид-19
HTML-код
- Опубликовано: 5 фев 2025
- Советот за етика во медиумите (СЕММ), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, спроведе конкурс за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите за време на Ковид-19.
Повикот за апликации беше наменет за професионални новинари и редакции во државата за стории објавени во периодот од 1 мај 2020 година до 1 мај 2021 година.
Критериумите за наградите вклучуваа автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес, која ги задоволува највисоките етички стандарди во новинарството. Конкурсот беше отворен за пријави во каква било новинарска форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју).
Целта за доделување на наградите за најдобри стории поврзани со известувањето за ранливите и маргинализираните групи за време на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), Советот за етика во медиумите (СЕММ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги организираа за да ги поттикнат новинарите во промовирање на концептот на еднаквост и интеграција на ранливите и маргинализираните групи граѓани преку професионална и етичка обработка на темите од јавен интерес.