Pileski dropcinja na sumarski nacin | Hrana i Vino MKD
HTML-код
- Опубликовано: 7 ноя 2024
- ПИЛЕШКИ ДРОПЧИЊА НА ШУМАРСКИ НАЧИН
за 4 лица
800 г пилешки дроб и срца
400 г свежи шампињони
1 главица кромид
1 домат
100 г брашно
100 мл бело вино
50 г путер
2 чешниња лук
½ лажица црвен пипер
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 - тина минути.
На шампињоните им ги отсекуваме рачките и ги сечкаме на листови. Ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Испржените шампињони со лажица решетка ги вадиме од тавата и ги ставаме во огноотпорен сад. Го покриваме садот со капак, за шампињоните да не се изладат.
Главицата кромид ситно ја сечкаме. Тавата за пржење ја враќаме на оган и во неа го ставаме путерот да се растопи. Додаваме масло и на загреаната мрснотија го пржиме исечканиот кромид. Чешнињата лук ги гмечиме со алатка и ги додаваме во тавата. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако кромидот ќе омекне ја тргаме тавата од оган. Го додаваме испржениот кромид во огноотпорниот сад.
Пилешките дропчиња и срцата ги сечкаме на парчиња, и ги сушиме на хартија. На чинија ги ставаме брашното и црвениот пипер, и промешуваме. Ги набрашнуваме дропчињата и срцата, и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Доматот го лупиме, го сечкаме на коцки и го додаваме во тавата со запржените дропчиња. Откако и доматот ќе се запржи во тавата ги враќаме испржените шампињони и кромидот. Го додаваме белото вино, динстаме 5 минути и ја тргаме тавата од оган.
На чинија за сервирање ставаме претходно сварен ориз. Врз него ги сервираме Пилешките дропчиња на шумарски начин и декорираме со гранчиња магдонос.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Super 🍷🇲🇰
👍