Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски - Ни на на (Official Audio)

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 23 дек 2022
  • Композитор: Тодор Бојаџиев
    Текстописец: Јане Коџабашија
    Вокал: Каролина Гочева
    Пијано и аранжман: Дуке Бојаџиев
    Кларинет: Исмаил Лумановски
    All rights reserved by Avalon Production 2022 ©
  • ВидеоклипыВидеоклипы

Комментарии • 4

  • @AntonioBrsjacki
    @AntonioBrsjacki Год назад +7

    Ни на на,
    Твојот нежен глас ко најмил ѕвон,
    на лесни крилја носел детски сон
    Спиј ми, сине мој,
    утре ќе е ден од сите поубав.
    Ни на на,
    Твојот нежен глас го слушам пак,
    на лесни крилја спомен носи драг.
    На ни на на,
    молба да се вратат детски дни.
    Нема ден, нема миг
    да не те побарам в драги сни.
    Сека ноќ слушам стапки твој изморени.
    О, кај си сега
    да ме прегрнеш,
    да ги стоплиш мојве дни
    и заден пат
    да го чујам твојот глас:
    Ни на на
    Ни на на
    Ни на на
    П.С.
    Јане Коџабашија го напишал текстот инспириран од својата животна приказна. Бегајќи од Егејска Македонија, тој ја губи својата мајка. Му останала единствено нејзината приспивна песна што му ја пеела: ни на на...

    • @joco0stom
      @joco0stom Год назад

      Благодарам многу за информацијата. Тоа дава дополнителна тежина на песната. Дали можеби знаете кој ја изведува оригинално оваа песна?

  • @joco0stom
    @joco0stom Год назад +2

    Овој албум на Каролина, Дуке и Исмаил е едно од поубавите нешта кои некогаш и се случиле на македонската музика. Иако се работи за преработени песни, иако најголемата заслуга оди кај оригиналните автори и изведувачи на песните, сепак, ова што го имаат направено тројцата со овој албум, според мене е безвременска музика која става печат и потврда на она што било испеано некогаш. Досега немам слушнато преработки на стари песни кои толку нежно и убедливо ја доловуваат и потенцираат убавината на тие песни. Со овие преработки, како да е тргната патината која се нафатила со времето и делуваат како да се позлатени. Со модерната продукција, чистината на снимката и збогатувањето на песните со новите аранжмани, некои од нив звучат дури и подобро од оригиналот.
    Целта на музиката е да предизвика силна емоција кај слушателот. Јас во последно сум толку отапен и многу тешко допираат песните до мене. Но овојпат, целиот албум ми предизвика реакција која ме натера да го напишам ова.
    Целта на музиката е постигната.

  • @ninadden
    @ninadden Год назад

    Predobro.