Последниот Битолски Пајтонџија

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 17 дек 2024
  • На улиците на Битола се снима филмот “Последниот битолски пајтонџија” по сценарио на Вера Бужаровска во режија на Мирослав Чепелчиќ. Главната улога ја игра 70-годишниот Манди Робев, по занимање пајтонџија.
    Тоа е приказна на стариот пајтонџија кој со љубов веќе 40 години ја работи својата работа, која пред некое време ја работеа уште 39 пајтонџии, кои поради новиот начин на живот се повлекоа за да работат други работи.
    Единствениот за кого законите на модерното време не важат е Манди Робев, кој веќе месеци, а и години не заработува ништо на битолските улици, но надежта не го напушта.
    Кога екипата отиде да го побара во неговиот дом тој не беше таму, бил на суд кај судијата за прекршоци. Таму останал цел ден. Што се случило посреди?
    Куќата и шталата се наоѓала во строгиот центар на Битола каде било забрането чување стока, а Манди имал коњ, кој му треба за неговата пајтонџиска работа. Излез нема. Вера Бижаровска беше задолжена да го најди, го сретна во ходниците на судот за прекршоци, целиот тажен и скршен, без сила да му се приклучи на филмската екипа.
    Непредвидени случки за време на снимањето имаше доста. Кога доаѓаше возот од толку многу патници ниту еден не се качуваше во пајтонот кој чекаше на железничка и од кого Манди повикуваше за превоз, дури и тие што беа глумци во филмот. Никој не слушаше сите се упатуваја кон таксистите.
    На крајот се најде еден патник кој стави два куфери во стариот пајтон. Манди заборави на снимањето на филмот, одма како во старите добри времиња се погрижи за подобро да се смести патникот. Едно време дојде еден таксист кој проба да ги земе куферите и му понуди поефтина и побрза услуга на патникот. Тој започна да се двоуми. Започна голема кавга помеѓу Манди и таксистот. Ситуацијата излезе од контрола заради што Манди беше опоменат од филмската екипа за неговото однесување после што тој им возврати да не му се мешаат во неговата работа која му носи егзистенција. Ништо повеќе не можеше да го расположи.
    Кога филмот е направен
    сцената е изземена…
    Со исклучок на ова со битолчанецот Манди Робев било многу убаво да се работи.
    Според директорот, сценариото на филмот е многу интересно:
    “- Се обидовме да направиме ретроспектива на животот на последниот битолски пајтонџија Манди Робев, сакаме да го прикажеме времето кое полека заминува.”
    Филмот е снимен за втората програма на ТВ Скопје од 1978 година

Комментарии •