СЈАЈ / GLOW | Klime Kovaceski featuring Danica

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 13 сен 2024
  • Music by: Klime Kovaceski
    - Voice & Lyrics: Danica I. Lepojevikj
    - Typography: Lasko Dzurovski
    - Animation: Branko Ristovski
    СЈАЈ
    Со затворени очи
    ги бројам светленцата во далечната.
    Како мали дамки сјај
    ми пробиваат низ ципите на капаците.
    Надвор има ветер и дожд.
    Мала,
    приватна бура
    беснее околу окото на мојот циклон.
    Стојам
    со очите затворени
    и понатаму загледана во светленцата во далечната.
    И полека ги повикувам
    кон себе ги привлекувам
    блиску ги повлекувам
    во секоја клетка ги вдомувам
    се додека не станам
    треперлива
    постојана
    сјајна
    и јас.
    Време на новини
    Време на убавини
    На свежина и синевина
    Време на топлина
    распослана низ градиве
    со ритам што удира во дамариве
    пука низ телото
    расте во бранови
    во наврати
    доаѓа и си оди
    ти ја раскинува кожата секој пат
    одново и одново
    те растура на делови,
    на честици ситни,
    на атоми,
    прашинки прави од тебе расфрлани.
    Прашинки сјај.
    И...
    И ништо!
    Знаеш дека наидува
    дека доаѓа
    кога раце ти се тресат
    нозете те издаваат
    и во глава тектонски пореметувања ти се случуваат.
    И...
    И чекаш!
    Само стоиш
    оти ништо не можеш да сториш
    ништо не го запира
    ништо против тоа не делува
    само молчиш додека се случува
    те боли до коска
    до крв
    молчиш додека да го достигне својот врв
    молчиш додека пустош остава
    во телото, и срцето, во душата
    додека празно место полно радост создава.
    Место полно сјај.
    И...
    И оставаш
    да замине
    за одново да се врати
    следниот пат,
    со топлина
    и убавина
    да ти зададе и шах и мат.
    И пак чекаш
    и пак оставаш
    спремна за уште едно прекрасно растурање.
    Оти вреди!
    Вреди до крајот на универзумот и назад!
    Вреди да умреш и да се вратиш назад!
    Вреди да се распаднеш и да се собереш назад!
    Назад во оние простор и време од бурата потресени.
    Назад во оние плот и тело од сласт и сјај разнесени.

Комментарии •