ОРЕЛ / EAGLE | Klime Kovaceski featuring Danica (Single Side B)

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 13 сен 2024
  • Music by: Klime Kovaceski
    - Voice & Lyrics: Danica I. Lepojevikj
    - Typography: Lasko Dzurovski
    - Animation: Branko Ristovski
    ОРЕЛ
    И ете.
    Дојде.
    Денес е ден за картографија
    и стратешко позиционирање.
    И затоа сум кротка.
    Кротко во најмалечкото место седната
    под имагинарното дрво
    стутулена отаде работ на светлото и сенката
    размислувам што можам да направам седенката
    како да изодам најмногу без да мрднам од под оревов
    посматрам од мракот
    како најдалеку да стасам по светлината на патот.
    И затоа
    ја сменив перспективата.
    Погледот сега ми е вперен во окото на килибарен дурбин
    и преку него
    во земјотреси и сончевини.
    Земјата пука
    и нови простори се создаваат
    на картата на моето тело
    и во нејзините длабочини.
    И така,
    без воопшто да се придвижувам,
    јас растам и пристигнувам
    сè подалеку и понатаму,
    и подлабоко и повисоко,
    оти нови градби и градови и градилишта
    почнуваат да никнуваат на секој агол
    по сите стари стрништа.
    Моево тело експандира
    под сјајот на килибарот прекршен од леќата
    и постепено во нова земја се трансформира
    искапена во златната боја на убавината.
    Мапата расте
    се шири
    се распостила.
    И пак,
    ги препознавам ознаките
    на картографите од дамнина
    кои пловеле
    и крстосувале
    и Крстоносни војни воделе,
    по долиниве на бутиниве
    меѓу на градиве планиниве
    по потоциве под моево грло
    оставиле трагови изделкани во камен
    таму каде било најмеко
    каде само требало да се поклони и да се каже амен,
    наместо да се ровари, присвојува и престојува,
    затоа одлучив дека треба да се престане да се војува.
    И решавам нови ознаки да создадам,
    но не да ги измислам
    туку да ги откријам
    оние скриени под кожава уште од раѓање.
    И поради тоа
    пак низ дурбинот погледнувам,
    сега кон себе го свртувам,
    килибарната нијанса низ телово ја растекувам
    оставам нитки низ умов да пушти
    и чекам да осетам
    како срцево престанува да ми се гуши.
    Низ јантарното стакло
    светот брцнат во медот на имагинацијата
    се појавува,
    себеси се открива
    и реален станува.
    И надвор и внатре.
    И затоа...
    Денес сум мирна,
    денес сум кротка,
    кротко во најмалечкото место седам,
    денес во еден многу убав агол од светот живеам,
    денес целосно во себе постојам
    и, без никој да знае,
    низ универзумот дивеам.

Комментарии •