Како да направите бадниково лебче со Анастасија - mit Anastasija

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 11 янв 2025
  • Здраво дечки, овој пат ќе бидам многу вредна и сакам да го споделам рецептот од мојата баба а сега и мојата мајка - како да направите бадниково лебче. После ова видео знам дека и вие догодина ќе успеете и сами ќе месите лебче. Подолу следи целата постапка:
    1 чекор - за стасување квасец потребно е:
    2 големи лажици шеќер
    3 големи лажици брашно
    1 кесичка сув квасец
    во едно ѓезве се истура се и се додава млака накај топла вода до половина и кратко се меша со лажица. Се поклопува со тацна и се чека да се крене смесата. Тогаш е спремно за работење.
    2 чекор - останатите состојки во голем сад
    600 грама брашно
    пола лажичка шеќер
    1,5 голема лажица сол
    3 големи лажици зејтин
    1 голема лажица оцет
    потребно е еден голем пластичен сад (вангла) и се истура 600 грама брашно. На средина се прави дупка и се истура се останатато и се истура надојдениот квасец. Вода се додава по потреба, полека без брзање и водата да биде млака. Смесата е готова кога веќе нема да лепи на рака. Се прави смесата како топче и се мачка со малку зејтин. Не заборавајте да се стави паричката спремна за Бдник. Се покрива со проѕирна стреч фолија и се остава на топло да стасува. Околу 30-40 минути е потребно да стаса.
    3 чекор - спремно за печење
    се замесува повторно смесата и се спрема тавче за печење и се наросува со брашно.

Комментарии •