Љубојна - Христос се Раѓат, на светот Радост - Божикна песна
HTML-код
- Опубликовано: 17 ноя 2024
- Традиционално, и овој Бадник, Здружението "Бадникови поворки" со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ.
Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. Најголема благодарност упатуваме до Епископот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим во текот на целиот процес на создавање на делото.
Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир.
Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.
Екипата, која со огромна љубов, радост и посветеност се собра за да го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња, е во состав на:
Изведба: „Љубојна“
Соработници: Традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски - Луј”;
Пејачи: Анастасија Илиевска, Матеј Тушевски и Стојанче Костов;
Инструменталисти: Благојче Трајковски - кларинет, Тимко Чичаковски - канон, Петар Христов - кларинет и византиска лира, Оливер Настовски - ут, Игор Милевски - виолина, Оливер Јосифовски - византиски контрабас, џумбуш, византиска лаута, перкусии, контрабас.
Аранжман: Оливер Јосифовски
Музички инжинер: Ангел Ќосев
Снимање, миксање и мастеринг: Студио „Подрумот“
Режија - Дејан Пројковски
Директор на фотографија - Горан Наумовски
Монтажа и камера оператор - Стојан Стојановски, Кристијана Ангелоска
Продукција - 2С Студио: Јасмина Колоска, Стојан Стојановски
Учесници: Љубојна, актер - Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти.
Голема благодарност до:
Стручен соработник - Антонио Стојчески, Хотел Неда - Галичник, Ансамбл Орце Николов - Сашо Кузаревски, Ансамбл Етнос - Ване Наков, Ансамбл Македонија - Владо Јаневски, Александар Костиќ - Претседател на месна заедница Галичник, шминка Марга Миновски.
Во продолжение, и текстот на песната:
ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!
Христос се раѓат - на светот радост,
на светот радост, на сите луѓе.
Четириесет дни и толку ноќи
Дева бдееше, топло молеше.
На крај е дојде време да родит,
та бргу барат баби да дојдет.
Баби да дојдет, миро да носет,
миро да носет, да е послужет.
Дури се најдет, дури да дојдет,
Марија Дева Христа Го роди.
Христа Го роди, Господ на сите,
Господ на сите - в пештера бедна.
В пештера бедна, ширна полјана,
ширна полјана, ко сонце блесна.
Ко сонце блесна, ко сјајна луна,
ко сјајна луна, на светот светлит.
Нек’ светлит така и в’ оваа куќа
и в’ оваа куќа, на сета рода.
На сета рода мир да е дават,
мир да е дават, да множит љубов.
Да множит љубов за добри дела,
за добри дела, за сите ближни.
Христос се раѓат - на светот радост,
на светот радост, на сите луѓе.