НАВРЕДИ: Од документарец до едукативен прирачник

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 24 авг 2023
  • Документарецот „Навреди“ е споделување на искуствата на некои од најголемите фудбалски имиња и нивните размислувања за тоа како најдобро да се искоренат проблемите поврзани со дискриминација во спортот.
    Целтта е да се подигне свеста при што целиот фудбалски свет и општеството да се вклучат во борбата против дискриминацијата.
    Документарниот филм сега се користи како главна алатка во напорите на УЕФА и федерациите со цел да едуцира за антидискриминацијата, еднаквоста и инклузијата.
    Петте епизоди од серијалот „НАВРЕДИ“ ги прикажуваат искуствата на 38 фудбалери, тренери, спортски судии, лидери и академици и опфаќаат теми поврзани со расизам, сексизам, дискриминација на бегалци, хомофобија и злоупотреба на интернет.
    Целта на документарците е да ги стимулираат младите на дијалог за дискриминацијата, да покренат прашања поврзани со оваа тема и да се впуштат во дијалог со учесниците за тоа како фудбалот, од заедница и екипа до поединец, може активно да се бори против дискриминацијата и да создаде фудбалска средина каде секој е прифатен и почитуван.
    Децата и младите беа идентификувани како целна публика за потенцијалниот образовен пакет со алатки, со цел да се едуцираат играчите кои се иднината на фудбалот. Освен тоа, родителите, тренерите и персоналот на екипите беа посочени за клучни возрасни лица и важни поединци кои ги предводат децата и младите играчи во светот на фудбалот.

Комментарии •