Јанчев: Процедурите во Собрание повторно прекршени - работата е башибозлук!

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 12 сен 2024
  • 🗣️ Процедурално обраќање на пратеникот Сашко ЈАНЧЕВ по однос на новото прекршување на деловникот од страна на владејачката коалиција:
    📢 „Ова со решенијата за свикување Седници, предлози дневен ред и материјали за дневен ред, е каша попара цело време. Како да не постои Деловник! - Ете така ни функционира Собранието.
    Прво прекршување е во член 74 став 1. Ние материјали добивме четири работни дена пред седница, а потребно е десет, тоа е прво прекршување.
    Добивме еден чуден документ на ден пред од одржување на Седницата. Не знам каков е овој документ, тоа е некое известување за дополнет дневен ред. Деловникот на Собранието не познава дополнет дневен ред ниту пак известување за дополнет дневен ред. И овој документ е непостоечки и невалиден.
    Друго прекршување на член 76, затоа што таков предлог за внесување на точки на дневен ред може да предложат само пратеник или влада. Во овој непостоечки документ имаме 4 точки поднесени од неовластен предлагач
    Се на се, работата е башибозлук!“

Комментарии • 1

  • @user-sb8fi8jq5g
    @user-sb8fi8jq5g Месяц назад +4

    Дечки, продолжете да објавувате видеа со вакви процедурални обраќања, разобличувајте ги и разголувајте бандитите од сите вери, бои и раси. Ви предлагам да ги продолжете малку видеата и со делот каде необалистот ќе дава одговори во кои ќе се обидува да објаснува дека небото не е плаво...ставете ги и одговорите на вашите процедурални и реплики во видеата...уште поголем ќе биде ефектот.