Велјаноски: Дали со 10 000 може да се живее и преживува во Македонија?

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 17 дек 2013
  • Извадок од говорот на пратениот Митре Велјановски, Второ продолжение на Седница бр.80 на Собрание на РМ.
    Пред некој ден Синдикатот конечно со нешто излезе и се јави бидејќи е немоќен да направи нешто. Излезе со бројките за тоа колку треба да изнесува минимална, синдикална кошничка за пристоен живот на човек во 21 век. И синдикатот вика за 4 члено семејство се потребни 32 144 денари, следна забелешка во тоа семејство да нема сопствен автомобил. Синдикатот вика дека требаат 13 500 денари за исхрана и пијалоци, синдикатот вика дека за домување требаат 10 265 денари, синдикатот вика за хигиена требаат 2 200 денари, синдикатот вика за превоз требаат 2 339 денари, синдикатот вика за облека и обувки месечно требаат 2 098 денари, за култура 1 070 денари, за одржување на здравјето бедни 650 денари или вкупно 32 144 денари за едно 4 члено семејство да може да живее или да преживее 1 месец достоен на човек, се што е под ова е мизерија, е беда, е понижување, е преживување.
    Ајде да видиме колку луѓе во Република Македонија можат да си го дозволат овој луксуз на пристоен живот, живот кој е достоен на човек во 2013 година. Просечна плата во Република Македонија, после сите ваши зголемувања 21 108. Просечната плата е многу далеку, за близу 50% да го достигне нивото на пристоен живот. Ова не е луксуз. Ова се елементарни човечки потреби. Без никаков луксуз, без автомобил во 4 члено семејство.
    Просечната кошничка која не може половина потрошувачка кошничка да ја обезбеди, ја земаат само 9,1%, натаму државниот завод за статистика вика дека 200 000, оние среќници во Македонија кои имаат работно место земаат плата од 10 до 16 000 денари. Замислете како 4 члено семејство живее со овие пари. Дали со 10 000 може да се живее и преживува?
    Само фактот дека повеќе да умираат од колку да се раѓаат е пораз за секоја сериозна влада која и мисли добро на својата држава и својот народ. Другиот податок кој е запрепастувачки, загрижувачки е податокот на масовното иселување. Нема зрак светлина во тунелот. Сите анкети со младите луѓе се поразителни, катастрофални. Над 90% од младите размислуваат да ја напуштат Република Македонија, тоа е пораз. Огромен пораз.
    Не треба никој да ни кажува колкава е мизеријата, колку е сиромаштијата и колку Македонија се враќа назад, место да оди напред. Додека разговарате и излегувате секогаш кога основните или против аргументи ви се што направил СДСМ, а сето тоа по 8 години власт во континуитет до тогаш нема среќа и нема надеж.
    Србија доби датум, Србија ги почнува преговорите и она што ни се случува со Бугарските пасоши, за некој месец или некоја година ќе продолжи со Српски пасоши. Се движиме во погрешна насока место напред се враќаме назад.

Комментарии •