Лихнида кајче веслаше по Охридското Езеро наспроти нејзе рибари, рибари, рибари, стари другари. - Рибари, стари другари, кротко веслајте кајчето да не ми прајте бранови, бранови, рацете да се одморам. Лихнида кајче веслаше по Охридското Езеро тивко си песна пееше: „Билјана платно белеше“. - Лихнидо, моме Лихнидо, ако ти прајме бранови со весло ќе ги скротиме, скротиме, со љубов ќе те гледаме. - Не сакам да ги скротите, не сакам да ме гледате, јас сакам мирно езеро, душата да си одморам. Лихнида кајче веслаше по Охридското Езеро тивко си песна пееше: „Билјана платно белеше“.
Лихнида кајче веслаше
по Охридското Езеро
наспроти нејзе рибари, рибари,
рибари, стари другари.
- Рибари, стари другари,
кротко веслајте кајчето
да не ми прајте бранови, бранови,
рацете да се одморам.
Лихнида кајче веслаше
по Охридското Езеро
тивко си песна пееше:
„Билјана платно белеше“.
- Лихнидо, моме Лихнидо,
ако ти прајме бранови
со весло ќе ги скротиме, скротиме,
со љубов ќе те гледаме.
- Не сакам да ги скротите,
не сакам да ме гледате,
јас сакам мирно езеро,
душата да си одморам.
Лихнида кајче веслаше
по Охридското Езеро
тивко си песна пееше:
„Билјана платно белеше“.