Владата ќе го плати мирот во Кочанската котлина
HTML-код
- Опубликовано: 24 дек 2024
- Министерот за животна средина, Изет Меџити, вели дека со пари од државниот буџет ќе се покријат трошоците за соодветен третман и складирање на отпадот на депонијата во Кочани. А со парите, повторно ќе се депонира и отпадот од соседните општини.
Советот на Општина Кочани минатата недела забрани на депонијата да се носи отпад од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, спротивно на владината одлука од 2021. Одлуката беше донесена по тринеделните протести на кочанчани кои протестираа поради честото палење на депонијата и загадувањето на животната средина