ОДМОР ЗА СИТЕ
HTML-код
- Опубликовано: 1 ноя 2024
- Зајдисонце на плажа🌅, мирисот на езеро🌊, другарувањето покрај логорски оган🔥, кајакарење🚣, кампување во природа🏕️ и глетката на ѕвездите во лето🌠. За многу лица кои живеат со попреченост, ваквите, наизглед едноставни радости, остануваат недостижни. Секој заслужува летна авантура и затоа ја започнуваме нашата иницијатива: "Остваруваме летување." Нашата цел е да е да докажеме дека преку заедничка акција, одморот може да биде достапен за сите и да го отклучиме светот на патувањето за оние со попреченост, овозможувајќи им истражување и опуштање кое многумина од нас го земаат здраво за готово.
Низ минатите години ЦМА Крик традиционално организираше „Летни младински инклузивни кампови“ во кои земаа учество млади лица со и без попреченост, со цел да создадеме инклузивно летување и да другаруваме под ѕвезденото небо во природа⛺. Од минатата година, започна и нашата нова иницијатива „Одмори се“ со цел да обезбедиме одмор за нашите постари и повозрасни корисници со попреченост кои прв пат патуваа, пливаа во езерото и јадеа сладолед на плажа🍦. Поради сите наши прекрасни спомени, оваа година ги здружуваме силите и овие две иницијативи за да обезбедиме ОДМОР ЗА СИТЕ!🙌
Запознајте ги нашите другари!💚