ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ ПОМИЛУЈ НЀ!

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 7 апр 2020
  • Драги браќа и сестри! Прозба сите да се соединиме кон Исусовата молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот (грешната). Се чита секои три часа во 6, 9, 12, 15, 18, 21 и 24 по 33 пати (во знак на сеќавањето на земниот живот на Спасителот).
    Искуството ни говори најдобро е да поставиме аларм на секои три часа за ова молитвено правило кое одзема само 2-3 минути, а од кое зависи многу.
    Многу сеуште не се свесни што се случува во светот и кај нас.
    Нека ни даде Господ на сите, духовен вид, храброст да останеме верни на Него до крајот и најглавно спасение на нашите души
    Амин
    И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија!
    Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави?
    Ви велам, ќе ги заштити набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?”
    Лука 18, 6-8.

Комментарии •