Селско месо на највкусен начин

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 24 июн 2022
  • Селското месо е едно од најпрепознатливите јадења во домашната кујна. Без разлика на
    тоа кој како го подготвува, овој превкусен специјалитет е вистински гастрономски
    деликатес кој совршено оди рака под рака со чаша квалитетно црвено вино.
    350 г телешко месо исечкано на коцки
    350 г свинско месо исечкано на коцки
    200 г мелено месо
    2 лажици лебни трошки
    Сол и мелен црн пипер по вкус
    1 жолчка
    2 лажици брашно за превалкување на топчињата од мелено месо
    200 г свежи шампињони исечкани на коцки
    1 лажица брашно
    1 лажичка мешан сув зеленчук
    600 мл вода
    Најпрво, Во тавче на оган загрејте го маслото за јадење и пропржете ги телешкото
    и свинското месо. Гответе околу 7-10 минути додека месото не добие убава
    кафена боја.
    Во меленото месо ставете лебни трошки, сол и мелен црн пипер по вкус и
    жолчката. Оформете мали топчиња од меленото месо во големина колку
    парчињата телешко и свинско месо. Извалкајте ги топчињата во брашно и
    пропржете ги во масло за јадење. Во земјена тава или тава за печење, ставете ги
    испржените парчиња месо и свежите шампињони исечкани на листови. Во
    маслото во тавата во која се пржеле парчињата месо додајте го брашното,
    коцката супа и водата. Кога смесата ќе се згусне прелијте ја оваа смеса врз
    парчињата мелено месо.
    Во рерната ставете ја тавата со селско месо, загрејте ја на 150 степени и печете
    од 70 до 90 минути додека месото не добие убава златно-кафена боја.
    Забавно готвење!
  • ХоббиХобби

Комментарии • 10