V-Mamba - Pesna za AFS-UKIM (Песна за Архитектонски Факултет-Скопје)

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 21 май 2020
  • Оваа песна служи само за забава и нема намера да навреди никого.
    Доколку некој се чувствува навреден, длабоко се извинуваме!
  • ВидеоклипыВидеоклипы

Комментарии • 1

  • @kiv8745
    @kiv8745  4 года назад +3

    Текст:
    Ништо не е исто после тоа лето,
    станавме студенти што ќе го сменат светот,
    енергија е желба, и ентузијазам,
    лошите објекти се тие што ги мразам.
    Тука нема грешка, светла иднина се смешка,
    но патот е долг, архитектурата е тешка,
    а најлесно е кога ќе те викаат руки,
    велиш горд сум студент на АФС УКИМ.
    Ќе те чека Мано, на проектирање еден,
    бори се за секој поен на крај ќе е вреден,
    валкани цртежи немој да си предал,
    тој што има десетка си заслужил медал.
    А на студио е главен Хаџи-Пуља Митко,
    кога филозофира или пишува читко,
    Атмосфери - Петер Цумтор или Карлос Скарпа,
    но едно е сигурно ќе го видите со шарпа.
    А статика знаеме не е јака страна,
    еден од мостовите е Тромбева Ана,
    а после следи јакост, а и бетон и дрво,
    со градежни предмети достигнат е врвот.
    Од пресеци до кровови зошто и како,
    ќе објасни по нацртна Бојан Каранаков,
    сега предметот е супер, се вложува сто посто,
    а не беше далеку времето на Косто,
    компјутери исто се полагаше на рати,
    рендери и видеа за неполни пет саати,
    Филип и Добре, од истиот кабинет,
    одбирај за програм, објекти од цел свет.
    А кога веќе стигна до година втора,
    предметите на Јован да се поминат мора,
    да работиш многу, на презентација да везеш,
    но немој да доцниш оти нема да влезеш.
    Ќе слушнете низ ходници лоша Доминика,
    знаеше за најмала ситница да ти вика,
    а кога ќе се спомне Сиљаноска Јасмина,
    сигурно се врти, за зборување машина.
    Урбанизмот е долг, од сега па до крај,
    секоја година од септемви па до мај,
    да се консултираш, кај Коробар и Боби,
    парцелите се детални како да се соби.
    А на телевизија, сака да се кара,
    тој што беше експерт за закони да ствара,
    политика и наука, сака да шара,
    Грчев е легенда што секој ќе ја бара.
    Дивна ќе ти бара визија и цел,
    мисли колку сакаш, ќе ти фали дел,
    може да е супер и да е добар плод,
    но може да ги бараш листовите на под.
    РЕФРЕН:
    Слушај си, цртај си, макетички, прави си,
    Корбизје, лекции, учи, за празници,
    и кога остануваш по цела вечер ти,
    еден ден секако ќе ти се исплати.
    Слушај си, цртај си, макетички, прави си,
    Корбизје, лекции, учи, за празници,
    и кога проектот само ќе заглави,
    побарај помош од добри професори.
    Конструкции се исто многу битна тема,
    ако не ги научиш во пракса ќе те снема,
    Александар нема, поени да зема,
    а Димков си има разработена шема.
    Огнен е декан, тешко ќе го најдеш,
    ако ти е потребен треба да се снајдеш,
    за студентите само, Пепи е главен,
    меѓу останатото по котирање е славен,
    секој пресек е важен, секој детал е вреден,
    во размер еден према два или еден према еден,
    и може баш за тие детали да се фати,
    дали црташ правилно прозорци и врати.
    А има една тема што ми отвора рана,
    историја почнува со Ивановска Ана,
    сам ќе си полагаш Египет и Рим,
    а за конзервација дозволен е тим.
    Но прашање е како да се положат во рок,
    цркви во Византија, ренесанса и барок,
    и кога кај Касапова ќе поминеш сто века,
    уште не завршило, Македонија те чека.
    Кај Минас и Саша термините се каша,
    дали ќе ги чекате, одлуката е ваша,
    не е така лесно, направи си план,
    научи да решаваш многусобен стан.
    А Радевски и Мицко се ментори прави,
    и кога проектираш штала за пет крави,
    кај индустриски згради кога проблем ќе се јави,
    било кој од нив лесно ќе се справи.
    Кога некој мисли во облаци да лета,
    долу ќе го спушти Христова Анета,
    ќе ја памтиме ко сопруга на Поповски Живко,
    може да те расплачи иако зборува тивко,
    објасни ја слободно идејата своја,
    може да ја подобри, Мери Батакоја,
    кај таков тип на згради може да е фино,
    Михајло е легенда, а го викаме Зино.
    Само да ги спомнеме Наташа и Бети,
    некој има ликовно, атељето свети,
    било што поминало немој да се каеш,
    но Виктор Пајвански мора да го знаеш.
    Страхиња е добар, маката ја сфати,
    иако со исти, семинарски ќе ги фати,
    Кај Арсовски проект, за неколку саати,
    кој го одбрал него, нема да си пати.
    Од градежен се тука Денис и Петар,
    кај челик мора прецизно до најмал милиметар,
    Љупчо математика нема кој не пушта,
    секоја година границата ја спушта.
    Кај Горан фотографија трпението е тенко,
    есеи по естетика кај Скаловски Денко,
    Ивана по англиски, по менаџмент Маријана,
    за практика кај ВЖП ти фали една страна.
    РЕФРЕН:
    Слушај си, цртај си, макетички, прави си,
    Корбизје, лекции, учи, за празници,
    и кога остануваш по цела вечер ти,
    еден ден секако ќе ти се исплати.
    Слушај си, цртај си, макетички, прави си,
    Корбизје, лекции, учи, за празници,
    и кога проектот само ќе заглави,
    побарај помош од добри професори.
    А кога сме кај службата и таму само хаос,
    редици пред студентски, таму нема радост,
    штом ќе влезеш внатре, Анета крева глас,
    собери ги потписите или ќе ти нема спас.
    И кога е во право, но и кога е крива,
    побарај си утеха кај Зиска во архива,
    Рамадан е супер, се качува по скали,
    само за да провери на кој што му фали.
    Кој е на часови а кој е на пат,
    побарај инфо кај Бети во деканат,
    за технички проблем има само едно име,
    ќе поправи се, Бужароски Симе.
    За проблем во i-know, времето е кратко,
    побрзо побарај го Стефановски Влатко,
    а сега на крај кога се ќе е чисто,
    и самите знаеме ништо не е исто.
    Само што ја преброди последната криза,
    следно те чека магистерска виза,
    и кога ќе си помислиш стигнавме во рај,
    само е почеток, далеку од крај.