Трио: Васка Илиева, Благој Петров-Караѓуле и Блага Видец - Попадна слана по поле (сплет)

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 7 сен 2024
  • Трио: Васка Илиева, Благој Петров-Караѓуле и Блага Видец - Попадна слана по поле (сплет)
    Trio: Vaska Ilieva, Blagoj Petrov-Karagjule i Blaga Videc - Popadna slana po pole (splet)
    Macedonia - Sperry 59
    Попадна слана по поле,
    Попадна слана по поле,
    сето го поле покрило,
    сето го поле покрило.
    Сал едно дрво остана,
    сал едно дрво остана,
    и на дрвото врзана,
    врзана Стојна Паскова.
    ~~~
    Бог да бие Тино мори,
    Тино мори, твојта стара мајка,
    Тино мори, Тино мори,
    твојот стари татко, де.
    Што ми те армасаја Тино,
    Тино мори мошне надалеку,
    Тино мори, Тино мори,
    дур' на Гевгелија, де.
    Дур' на Гевгелија, Тино,
    Тино мори, за Дељо Турунџула,
    Тино мори, Тино мори,
    за Дељо Турунџула, де.
    Дељо море лежи, Тино,
    Тино мори, Дељо ќе да јумре,
    Тино мори, Тино мори,
    Дељо ќе да умре, де.
    ~~~
    Море пазам ве, пазам,
    да ве испазам, да ве дограбам,
    море да ве дограбам,
    в темни темници, тесни сокаци.
    Море не ќе нè грабиш,
    што ќе ни правиш, што ќе ни чиниш,
    море не сне јаболка,
    да нè расечеш, да нè изедеш.
    Море пазам ве, пазам,
    да ве испазам, да ве дограбам,
    море да ве дограбам,
    в темни темници, тесни сокаци.
    Огромна благодарност на pesna.org/ за споделувањето на многу македонски песни.

Комментарии • 1