Диме Поповски и Зоран Милосављевиќ - Роза сина / Dime Popovski i Zoran Milosavljeviкј - Roza sina

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 26 авг 2024
  • Емисија: ЦРНО И БЕЛО
    дует Диме Поповски и Зоран Милосављевиќ - Роза сина
    Музика: Димитар Масевски
    Текст: Иван Карадак
    Аранжман: (Димитар Масевски)
    Песната РОЗА СИНА првпат е изведена на
    радискиот фестивал ХИТ НА МЕСЕЦОТ 1971 година.
    Изведувач бил Диме Поповски.
    1972 песната ја снимил и Зоран Милосављевиќ.
    Производство: РТС/МТВ/МРТ
    Текст:
    ЕДНА РОЗА СИНА
    Останаа само надежите голи,
    раната што клука, срцето што боли,
    останаа дните, осамени празни,
    бескрајните ноќи, неспокојни мразни.
    Во срцето носев една роза сина,
    но помина некој, розата ја скина.
    И некаде сега во ноќта што се пласти,
    тој ја капе розата во море од страсти,
    а јас беден скитам без насмев без плам,
    без љубов без среќа заборавен сам.
    Во срцето носев една роза сина,
    но помина некој, розата ја скина.
    И животот тивко ќе мине крај мене,
    ќе осамне есен срцето ќе свене,
    но трепнејќи тогаш, низ сон ќе ја слушнам,
    нејзината насмевка, бисерниот ѕвон.
    Во срцето носев една роза сина,
    но помина некој, розата ја скина.

Комментарии •