Сузана Спасовска - Света Дево Владичице [Audio 2023]

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 11 ноя 2024
  • © Сузана Спасовска ○ suzanaspasovska... suzanaspasovskaofficial@gmail.com
    Композиција: СВЕТА ДЕВО ВЛАДИЧИЦЕ
    Албум: ТЕРИРЕМ
    [2023] ПЛЕЈЛИСТА ОД АЛБУМОТ /ТЕРИРЕМ/ за преслушување: • 2023 - ТЕРИРЕМ
    НАРАЧКА НА Е-МАИЛ АДРЕСАТА: suzanaspasovskaofficial@gmail.com
    -Достапно во:
    Винил шоп (ул. Македонија) / Чув де чув / Аудио Култура / Матица Ексклузив
    /ТЕРИРЕМ/ ДОСТАПЕН НА СИТЕ ДИГИТАЛНИ ПЛАТФОРМИ ЗА СЛУШАЊЕ И КУПУВАЊЕ.
    APPLE MUSIC / %d1%82%d0%b5%d1%80%d0%...
    SPOTIFY open.spotify.c...
    AMAZON www.amazon.com...
    QOBUZ www.qobuz.com/...
    DEEZER www.deezer.com...
    TIDAL tidal.com/brow...
    Со Благослов на Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан
    „Терирем“ во себе содржи православни црковни химни и песнопеења кои припаѓаат на жанрот на таканареченото источно-црковно пеење. Терминот доаѓа од црковнословенскиот збор „источник“, што значи „извор“. Музичките химни, претставени во ова аудио издание се дел од богатата богослужбена традиција на православните. Застапени се песнените стихотворенија коишто се пеат за време на чинот на осветување на Петтолебие, Празничната Утрена на Рождеството Христово и на Воскресението, Литургијата на Претходно осветените дарови и Светата литургија на Св. Јован Златоуст.
    Еонскиот распон на овие стихирарни, ирмолошки и пападички напеви се движи од древни мелодиски музикотворенија и напеви, претежно на анонимни автори, сочувани во мноштвото псалтикиини изданија и современи преводи и транскрипции, како што е композицијата „Единородни Сине“ - дело на Св. цар Јустинијан I (VI век); преку музичките сочиненија на големите псалти и музикоучители од крајот на XVIII и средината на XIX век, па сè до првата половина на XX век, односно, до омилената во целата православна екумена, химнографска творба на светителот од нашите дни, Свети Нектариј Егински - Света Дево Владичице.
    Според православното предание, „Терирем“ била приспивна песна која Пресвета Богородица и Приснодева Марија, му ја пеела на својот Божествен Син и Младенец - Господ Исус Христос, Предвечниот Бог.
    Претставените песнопеења отвораат прозорец кон огромниот океан на изворното и древно пеење на Православната црква.
    Солист: Сузана Спасовска
    [14] Вокал: Протопсалт м-р Георгиј Секулоски
    Црковен клирос „Пелагонитиса“
    Исократи:
    Протопсалт м-р Георгиј Секулоски,
    Бранче Трајкоски,
    Александар Трајкоски
    Вокал: Протопсалт м-р Георгиј Секулоски
    Уметничка консултација во жанрот
    на источно-црковното пеење:
    Протопсалт м-р Георгиј Секулоски
    Консултирана литература:
    Псалтикиина литургија - Манасиј Поп Тодоров
    Света литургија - м-р Георгиј Секулоски
    Партитури во редакција на м-р Георгиј Секулоски
    Снимено во студио City Sound, Скопје
    Продуценти: Љупчо Соколовски и Георгиј Секулоски
    Извршен продуцент: Сузана Спасовска
    Фотографии: Маја Динеска
    Концепт и дизајн: Дејан Величковиќ и Душко Трифуновски
    Visual and Technical support by DVisualArt ○Дејан Величковиќ ○ Душко Трифуновски
    ○ dvisualart.mk/
    #ortodox #suzanaspasovska #сузанаспасовска #terirem #терирем #crkovnamuzika #pravoslavie #pravoslavlje #pravoslavnipesni #pravoslavnihimni #crkovnipesni #crkovno #crkovnihimni #suzenacionale #macedonianorthodox #pravoslavnamuzika #православие #црковнамузика #kratima #terirem #pravoslavnavera #православие #pravoslavnihimni #православная #православныепесни #православље

Комментарии •