Nov predizvik regionalno vmrezuvanje

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 17 окт 2024
  • Со цел одредбите на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп да станат дел и од нашата реалност, а во насока на размена на искуствата од земјите во регионот кои веќе ја имаат ратификувано Конвенцијата, на 06.11.2012 год. во хотел „Континентал" во Скопје, се одржа Регионална конференција - „Нов предизвик за движењето на лицата со хендикеп", во организација на Полио Плус а со со поддршка на ТАКСО - Програмата за техничка поддршка за граѓанските организации на Центарот за институционален развој (ЦИРа).
    Целта на овој настан беше иницирање на регионално вмрежување на организациите на лица со хендикеп за поефикасно дејствување со цел надминување на бариерите со кои секојдневно се соочува оваа категорија граѓани.
    На овој настан, претставниците од истакнати граѓански организации на лица со хендикеп од Балканот (Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово) разменија добри практики, вештини и знаења преку кои се воспостави механизам за соработка меѓу организациите на лицата со хендикеп.

Комментарии •