Мојсоска: Наместо нови лица - ДПМНЕ предлага “вечни функционери“ за заменици министри!

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 12 сен 2024
  • Јас не слушнав ништо за критериумите или за квалитетот на кадрите кои ги понудивте и тоа мене не ме ни изненадува оти се работи за еден микс на кадри, кои ако сакате потекнуваат и од времето на груевизмот, потекнуваат и од времето на бранковизмот, и затоа јас не ни сметам дека овој состав на заменици на министри има можност да воведе нови политики. Вие всушност ја покажавте вашата мантра дека има нови лица во политиката - воопшто не е така затоа што ние сега гледаме како првиот ешалон од време на Груевски станува втор ешалон, а вториот ешалон на Груевски сега станува прв ешалон.
    Вие ја спомнавте и вашата колешка Ана Лашкоска, која го има мандатот пратеник 13 години - пратеник е од 2011 година, и која искрено, единствено за што остана запаметена во јавноста беше дека користеше не само патни трошоци, туку користеше и двојни привилегии, односно тогаш излезе скандалот каде користеше и стан од државата, и патни трошоци.
    Јас сигурна сум дека вие сте многу сензитивни околу патните трошоци, но има нешто што се вика и морал и етика, и најискрено јас се чудам како пензионерите купуваат. Бараат леб затоа што не можат да ја поминат неделата, а вие тука говорите дека се е согласно Законот и Уставот. Тоа само кажува за вашиот морален склоп.
    И за крај, бидејќи колешката сакаше многу да цитира датуми, еве и јас ќе цитирам еден датум. Конкретно 27 јануари 2021 година, реплика на Зоран Димитровски, предлог за заменик - министер за надворешни работи, каде токму во дискусија, инаку тогаш Зоран Димитровски беше дел од СДСМ, што очигледно на вас не ви смета, и тогаш почитуваниот Димитровски кратко изјави за новиот Премиер : “Ставот на Мицковски, како и во сите други случаи е став каде нема ниту став на риба, на девојка”.
    Тоа се новите кандидати во оваа влада, вие ги собравте сите криминални експонати од времето на СДСМ, а кажавте дека ДУИ го испративте во опозиција, но очигледно после 30 години, само Павле Трајанов никој не може да го испрати во опозиција.

Комментарии • 8

  • @lidijaisjanovska1830
    @lidijaisjanovska1830 Месяц назад

    Super taman

  • @prayingphalanx
    @prayingphalanx Месяц назад

    Браво Јована ❤

  • @makedonecmakedonec830
    @makedonecmakedonec830 Месяц назад +1

    Бабадевојко, кажи ти ли си ново лице?или...

  • @persaatanasova2771
    @persaatanasova2771 Месяц назад +3

    Мојсоска не се занимавате со нови стари министри .Треба да објасните што работеа и работевте вие од претходната влада .Како дозволивте буџетот во Македонија да го потрошите а да немате ништо ама баш ништо овие седум години да имате со што да се пофалите .Само дупки правевте и не ве беше срам да се сликате .Срамно патот Кичево Охрид го оставивте , клиниката во Штип ја заборавивте , болнички апарати оставени по подруми баш вие гајле што пропагат толку срдста а народот не можете да гозгрижите во болнички услови .Немате право за да зборуте сите сте криминаци и не способни .Се уништивте срамно да оваа влада ја виде во хаос Македонија .На крај ја и запаливте но душите ваши нека гораат во пламен.

    • @krumebogevski6375
      @krumebogevski6375 Месяц назад +1

      Почитувана,
      ова е прв мандат на пратеничката Мојсоска од Политичката Партија Левица и истата не беше дел од владата на СДС (како што наведувате во вашиот коментар). Впрочем нејзината борба за социјална правда беше и против тогашните расипнички политики на СДС и е против денешните погубни политики на ДПМНЕ.
      Поздрав!

    • @simevasilev3522
      @simevasilev3522 Месяц назад

      ​@@krumebogevski6375ova prv mandat na pratenickata i na tolku ke ostane,i kako toa Levica i togas se borela protiv SDS koga vasiot lider lapase od SJO i od skutot na Katica

    • @persaatanasova2771
      @persaatanasova2771 Месяц назад

      @@krumebogevski6375 Им се обратив зошто не застанаа на страната на градба и обнова на се што е македонско.Тие застанаа со уништувачите на Македонија .Само критики интерпалаци даваат а не преземаат ништо во корист на народот .Ништо од патриотизмот .