“Live at Audiokultura” со Чалгија Саунд Систем

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 11 фев 2025
  • “Live at Audiokultura” со Chalgia Sound System band / Чалгија Саунд Систем.
    Промовирањето на музиката и врвниот звук, преку концептот “Live at Audiokultura”, го продолжуваме со настап во живо на Chalgia sound system на 22.03.2024 година.
    Овој извонреден бенд долги години ја развива и надградува чалгијата, умешно користејќи ја електрониката како алатка, за креирање на авторски мелодии и современи стихови со кои чалгијата се пренесува во нашето време.
    Отвореното обраќање на бендот кон публиката се реализира преку емотивна изведба на шаренолики и динамични композиции, унисоно свирење, милозвучност и почитување на традицијата преку кои се доловува ширината на чалгијата како жанр.
    Преку овој уникатен настан на кој Генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, Chalgia Sound System ќе ги долови неограничените можности на музиката за компонирање кое ги обединува минатото, сегашноста и иднината.
    Вечерта на музичка компилација во која се проткаени модерни, но и традиционални ритми ќе биде збогатена со дегустација на македонско вино од асортиманот на Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery)
    Звучната репродукција на настанот ќе биде реализирана преку системите од teoharov Audio.
    Поддржувачи на сите настани во Аудиокултура се КRITERIUM MUSIC и Инвест Метал / Invest Metal.
    Заради ограничениот капацитет, задолжителна е потврда на резервација.
    Фото: Ивона Кочов
    #audiokultura #liveataudiokultura #50guestslimited
    #komercijalnabanka #ПолесноЕЗаедно
    #teoharov_audio #kamnik
    #kriteriummusic #investmetal

Комментарии • 2