360 degrees season 11, show 3 - Колку праведно и транспарентно ќе се поделат стоте милиони евра

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 11 ноя 2024
  • Broadcasted on September 23, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.
    Централна тема во интервјуто со министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, е јавниот повик за финансирање односно капитални дотации од Владата за инфраструктурни проекти на општините. За оваа година, според изјавите од Владата, се обезбедени шест милијарди денари или околу 100 милиони евра, па едно од прашањата до Перински е колку реално од овие пари ќе бидат префрлени на општините ако централната власт исплатите ги врши врз основа на т.н. „времени ситуации“ (завршена работа потврдена од надзор), а не одеднаш на наменски сметки. Со Перински во детали разговараме за критериумите во повикот кои се многу општи, колку тоа остава простор за арбитрарност во одлучувањето, ќе сведочиме ли на донирани проекти, колку повикот е во функција на следните локални избори, дали дисперзираното оценување во шест ресори е одраз на внатрекоалициска недоверба, пред се, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“, која е единствената општина што не аплицирала… Тема се и состојбата во Град Скопје, евентуалните амбиции на Перински да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на главниот град и предлог-измените на законот за локална самоуправа.

Комментарии •