Заробена песна - Име си е име / Zarobena Pesna - Ime si e ime

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 7 сен 2024
  • Заробена Песна - Име си и е име
    автор Звонко Шаврески
    Објавена од Полио Плус - движење против хендикеп
    Музика: Morten Harket - A Name Is A Name - Letter from Egypt
    Текст
    ЗАРОБЕНА ПЕСНА - ИМЕ СИ Е ИМЕ
    Име си е име,
    а ти го знаеш ли моето име?
    Не мислам баш на моето име,
    ниту што јас мислам за себе
    Туку знаеш ли, како ме викаат мене?
    Незнам...
    Тешко се разбира,
    ама лесно се препознава.
    Тоа е нешто како:
    несовршен,
    безвреден,
    нешто расипано, засмрдено...
    дефектно и неупотребливо
    Тоа и не е име мое,
    ама е слично на името твое.
    Ти незнаеш како ме викаат мене,
    ама добро јас знам како те викаат тебе.
    Твоето име личи како нагалено,
    ама недораснато,
    испросено и позајмено.
    Личи на исконско
    ама измачено
    Ех...
    Наместо име - преводи разни
    Наместо почит - зборови празни
    Нема ни смисла, нема ни мисла
    Ниту пак правда некаде има !!!
    А има, грст земја за усти празни,
    има ископани очи со вилици разни.
    Има, има, има,
    има и јазик - пресечен на пола,
    како и уши - полни со смола.
    Незнаењето е благослов!!!
    Ама гледај,
    знаат - а неправди редат.
    Очи вистини им зборат,
    а мирно си седат.
    И никаде нема да води,
    и никој нема да најде,
    како без мирис те следам
    и без очи те гледам.
    И ништо нема да се знае,
    ништо нема да го има.
    Ако си спијам јас без уво
    и без јазик те слушам глуво
    Еве гледаш,
    твоето име како да ми е презиме
    Има и ритам, има и рима
    Гледаш !!!
    и јас сум македонче
    ама и ти си инвалидче!

Комментарии •