Макрадули: Цената на Ивона Талевска ја видовме, на Сител допрва ќе ја гледаме

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 21 окт 2024
  • Извадок од говорот на пратеникот Јани Макрадули, единаесетто продолжение на седница бр. 80 на собранието на РМ
    Законот што денес го имаме пред нас е најфашистичкиот закон кој што е донесен во Република Македонија. И сега ќе ви образложам зошто. Коце Трајановски, реши да прави пари и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и бидејќи ги продадоа сите земјишта во градот, како ќе ги прават парите, преку фасадите. Отидоа до граѓаните на улица Македонија, до станарите, станарите рекоа не сакаме да имаме барокна фасада и замислете ВМРО ДПМНЕ, носи закон со кој што ќе ви го преуреди станот со одлука на совет за да ви стави барокна фасада. Нема врска вие ако сте имале таму детска соба во која што имате бебенце, таму ќе има пренамена во која што ќе има барокна фасада.
    На пример може во Струмица на куќата на Васил Пишев бидејќи е од значење за Струмица да се преуреди и да се стави ликот на Славе Бошев на фасадата, тоа може да се направи, тоа го пишува во законот.
    Замислете си седите наутро и одеднаш гледате скеле пред вашата врата, пред вашиот прозорец, на врата ви тропа некој и ви вика ај тргнете се детската соба каде што ви е бебенцето ќе ви ја тргнеме, ќе ставиме балкон кој што ќе одговара со барокната фасада. Гнасно, срамно, криминално, ова може само ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да го смислат.
    Кое е значењето за Градот Скопје и за Македонија што една зграда како што е МЕПСО наградена како прва натур-бетон зграда од сите архитекти на времето кога е правена, да ја менувате фасадата? Помислете само за миг дека тоа е дело на некој.
    Кој е овој век во кој што живееме? Која е таа криминална потреба и апстиненцијана криза од криминал на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ова да го прават? Која е цената на молчење на парламентарното мнозинство тоа да го подржува? Во тие згради каде што сте биле има и ваши гласачи.
    Кога ова лудило криминално на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ќе престане? Зошто мислите дека во вашата куќа што сте ја граделе,по ваш вкус, онака како што сте мачеле, сте одвојувале од платите, замислете да дојде некој совет на општина, што е минлив 4 години, а вашата зграда, куќа приватна со години таму и традиција и некој да рече јас ќе ја направам барок.
    Цената на Ивона Талевска ја видовме, на Сител допрва ќе ја гледаме, Која е цената на молчењето и на одобрувањето на вакви закони од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ од парламентарното мнозинство, не знам. Ама знам дека има цена. И знам дека еден ден ќе се дознае.
    Зошто барокот е од значење за Република Македонија? Па мора да биде во барок? И тоа да чини милиони евра? Зошто не направите нешто добро за Република Македонија? Зошто не направите нешто добро во Скопје?

Комментарии •