Олгица Андонова (Паковска) - Елегија

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 12 сен 2024
  • Олгица Андонова - Паковска, како млада пејачка од Кочани за продукцијата на тогашното Радио Скопје, ја сними оваа песна во 1974 година. Спотот е снимен за Телевизија Скопје во јули истата година.
    ЕЛЕГИЈА
    Има негде еден зелен крај,
    мирен дом крај бел речен бран,
    копнеж врел во сон што е збран,
    колку убав сон.
    Вишнеј крилjа еден спомен мал,
    в липи тој е мал, ѕвезден сјај,
    в небо тој е син, палав мај,
    колку убав сон.
    О сказни, дамни дни,
    во сништа ли сте мои,
    во младост немирна,
    што мине како бран,
    низ живот, тивок, сосем сам,
    изгинавте ко плам,
    в душа тажна што го знам,
    тивко чека некој пак.
    Нема веќе ниту чекор драг,
    шепот тих, ни мал допир благ,
    само мрак крај тој мирен дом,
    чува еден сон.
    О сказни, дамни дни,
    во сништа ли сте мои,
    во младост немирна,
    што мине како бран,
    низ живот, тивок, сосем сам,
    изгинавте ко плам,
    в душа тажна
    што јас го знам.

Комментарии • 2