Makalo od kompiri i praz | Hrana i Vino MKD

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 25 окт 2017
  • Со арома на лук само еден од специјалитетите на нашите баби. Не и треба голема мајсторија за правење, а вкусот - одличен.
    МАКАЛО ОД КОМПИРИ И ПРАЗ
    лесна
    за 4 лица
    - 1 кг варени лупени компири
    - 400 г праз
    - 250 г доматно пире
    - 20 варени суви црвени пиперки
    - 3 чешниња лук
    - 200 мл масло за јадење
    - Хималајска сол и црн пипер
    Потребно време за подготовка на ова предјадење е 10 - тина минути.
    Компирите ги сечкаме на коцки и ги ставаме во длабок сад. Ги гмечиме со алатка за пире, но не премногу за да останат мали парчиња компири. Празот и чешнињата лук ситно ги сечкаме, и ги додаваме во садот.
    На сувите варени црвени пиперки им ги отстрануваме рачките и семките, и ги ставаме во друг длабок сад. Додаваме 150 мл топла вода и миксаме со блендер. Измиксаните пиперки ги додаваме во садот со компирите и празот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
    Во тенџере на оган го ставаме маслото да се загрее и го преливаме макалото. Го додаваме доматното пире и промешуваме.
    На чинија за сервирање ставаме од Макалото од компири и праз. Декорираме со тенки коси кругови праз и еден лист целер.
    Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
    Добар апетит.
    Subscribe for upcoming recipes:
    / @hranaivinomkd
    Follow us:
    Facebook: / hranaivino
  • ХоббиХобби

Комментарии •