Филка мома- (Љубојна). Вера Милишевска.

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 1 янв 2016
  • „Љубојна“ го отвори 13. „Пиво-фест“ во Прилеп-
    Се пееше и се играше не само на бината туку и на штандовите, зад сцената. За убавата атмосфера се погрижија членовите на групата „Љубојна“, Слаткаристика, гостинот од Србија, Саша Ковачевиќ, и неколку диџеи.
    Етногрупата „Љубојна“ и овој пат покажа дека е ненадминлива во правењето синтеза на акустична, електронска, традиционална и современа музика. Публиката уживаше во традиционалните македонски песни, а по настапот Оливер Јосифоски рече дека на членовите на групата им било чест што го отвориле фестивалот.
    Саша Ковачевиќ ја освои публиката составена од повеќе генерации со својата непосредност. Тој пееше не само свои туку и хитови на други балкански ѕвезди, меѓу кои и на нашиот Тоше Проески.
    Сѐ помина одлично, премногу сум задоволен од настапот и од реакцијата на публиката, која ми даде посебна енергија - изјави тој по концертот, кој траеше речиси два часа.
    Синоќа настапија „Радиоактив“, „ЗАА“, „ДНК“ и „Прљаво казалиште“. Вечерва има најава за голем број посетители, кои ќе дојдат да ги следат настапите на македонскиот фолк-изведувач Наум Петрески, како и концертите на балканските ѕвезди Неда Украден и Оливер Драгоевиќ. Утревечер, пак, за забавата ќе се погрижат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.

Комментарии •