Копачка Драмче, Фолклорни смотри СОФАМ Исток 10 09 2023

Поделиться
HTML-код
  • Опубликовано: 9 сен 2023
  • ЗФГ ,,Копачка", с.Драмче, Делчево учествуваше на овогодишните ревијални Фолклорни смотри на СОФАМ- Источен Регион 2023 година кои се одржаа во Велес. Изведбата на пијанечкиот изворен фолклор од: ороводаната песна „Сношти е Стојна доведена“ и ората „Ситно“ и „Копачка“ во машка и женска изведба ја одушеви присутната публика кои настапот го поздравија со бурен аплауз. Изведба со која иако бевме потиштени и ужалени, успеавме и овој пат да се претставиме во најдобро светло. Настапот постхумно им го посветивме на нашите долгогодишни играорци Ванчо Стојановски и Дафинка Јовановска, кои за жал деновиве не напуштија за секогаш. Искажуваме благодарност до организаторите на чело со Томе Јаневски за беспрекорната организација.

Комментарии •